Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СЕ СОГЛАСИ: Турците можат без виза во шенгенската зона

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СЕ СОГЛАСИ: Турците можат без виза во шенгенската зона

Безвизен режим за Турција е дел од договорот кој го постигнаа официјален Брисел и Анкара, а во рамки на кој Турција се согласи да ги прифати назад мигрантите кои преминаа преку Егејското море и стигнаа во Грција.

Поддршката на Еавропската комисија на Твитер ја потврди и европската комесарка Маргарет Вестагер.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/vestager/status/727810209842892800?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Оваа одлука на ЕК мора да ја потврди и Европскиот парламент, а Турција и понатаму мора да ги исполни критериумите на ЕУ за безвизен режим. Кога ЕУ официјално ќе донесе одлука, Турците без виза ќе може да патуваат во сите 26 земји на шенгенската зона со исклучок во Велика Британија и Ирска. Уште не е јасно дали без виза ќе може да се вработуваат во ЕУ.

Официјален Брисел стравува дека без договор за безвизниот режим Турција нема да ја контролира миграцијата.

Голем број на мигранти и бегалци стигаат во Европа од Турција, како и од северна Африка, што предизвика политичка криза помеѓу членките на ЕУ.

Слично

Поврзани вести