Европската комисија подготвува мега казна од 9 милијарди евра за Google
Според извори во Европската комисија во одделот за заштита на конкуренцијата, против интернет гигантот Google се подготвува мега казна од 9 милијарди евра бидејќи нарушиле повеќе пазарни начела со форсирање на сопствените онлајн сервиси за апликации и мултимедијални содржини, а на штета на конкурентни веб сајтови, пренесува Ројтерс.
Европската комисија со години води истрага против Google откако добила повеќе претставки од американски и европски компании кои сметаат дека гигантот врши манипулации на Search страната. Google се трудел да постигне спогодбено решавање на спорот со ЕК и со тоа да добие поблага казна, но и „осудата“ да не биде премногу експлицитна.
Сепак, овие напори биле јалови бидејќи и новиот комесар за конкурентност Маргрет Вестагер нема намера за спогодба со Google, туку сака да ја финишира казнената процедура до август. Покрај високата казна се очекува и ЕК да му наложи на Google да ја промени процедурата на прикажување на интернет резултати од конкурентите.
