Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската Комисија нема да врши надворешна експертиза за „Пуч“

Европската Комисија нема да врши надворешна експертиза за „Пуч“

Во изминативе недели Јавното обвинителство испрати покана до Европската Комисија за испраќање на меѓународни експерти кои би биле во тек со предметите кои ги води обвинителството, а произлезени од последните актуелни случувања.

Вчера Јавното обвинителство информираше дека повратен одговор од ЕК пристигнал и во истиот упатуваат благодарност за поканата и  позитивно јa оценуваат заложбата на ЈО.

Во одговорот се додава дека во моментов ЕК нема да  да врши надворешна експертиза во содржината на  било која поединечна  кривична постапка, при што во дописот се истакнува дека сметаат дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца ( и во случај на жалба апелациониот суд).

Денеска во Брисел,  претставниците на двете најголеми политички партии во земјата СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се сретнаа зад затворени врати со посредство на европарламентарците на кои разговараа за политичката криза во земјава.

Имено, неофицијални информации велат дека на средбата претставниците на опозицијата, ги повториле јавно декларираните позиции – владата, јавниот обвбинител и раководството на МРТ да си поднесат оставки за да се отвори простор за политичка и правна разрешница на кризата.

Додека владеачката гарнитура, го повторила ставот на премиерот Груевски дека  дека кризата треба да се реши со правна разрешница на случајот Пуч, а политички дека може да се разговара за сите барања на опозицијата, како што се пописот, нов избирачки список, измени во изборниот законик и состојбата во медиумите, но не и за преодна влада и нови избори.

Слично

Поврзани вести