Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската комисија ја награди Подгорица за одржлив туризам

Европската комисија ја награди Подгорица за одржлив туризам

Европската комисија ја награди Подгорица за долгорочно определување за одржлив туризам.

Наградата во петокот беше доделена во Брисел, при што беше прикажано промотивно видео со потенцијалите кои ги нуди Црна Гора, но и Подгорица. Директорката на ТО Подгорица, Татјана Поповиќ е презадоволна од наградата.

„Горди сме од фактот што Подгорица се најде со 12 европски дестинации, кои се избрани како најдобри. Оваа награда е голем поттик и мотивација, како за нас во главниот град, така и за цела Црна Гора, која се повеќе се развива како одржлива и висококвалитетна туристичка дестинација“ - рече таа.

Поповиќ вели дека оваа награда ги обврзува да се оправдаат пред големиот број туристи кои секоја година ја посетуваат земјата.

Наградени се дестинации кои придонеле финансиски, културно за земјата, за заедницата, за посетителите. Во игра беа 100 дестинации.

Слично

Поврзани вести