Европската енергетска заедница реагира за евтината тарифа на струјата
Евтина тарифа на електрична енергија треба да им се овозможи само на социјално ранливите категории, а не и на оние на кои не им е потребна и оваа мерка да не трае подолго од две години, препорачува првиот човек на Европската енергетска заедница, Јанез Копач.
Предупредува дека трошоците за спроведување на мерката не смеат да бидат на товар на компаниите, туку да се покријат со средства од јавниот буџет.
„Исклучоци од пазарниот пристап се можни, а такво нешто е исклучок од правилата на пазарот. Регулативата на третиот енеретски пакет ги овозможува, но мора да бидат оправдани и консултирани со секретаријатот. Пред се мораат да бидат временски ограничени, и да бидат плаќани од јавниот сектор, а не од други потрошувачи на електрична енергија“ - изјави Јанез Копач, претседател на Европската енергетска заедница.
Владината програма предвидуваше враќање на дневната ефтина тарифа за сите граѓани. Министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, вели дека во тек се анализи и не очекува високи трошоци за спроведување на ветената мерка.
„Се работи за мало проширување кое ќе значи олеснување на сите граѓаните, но најмногу на ранливите категории“ - изјави Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.
Европската енергетска заедница веќе покрена две постапки против Македонија затоа што претходната Влада не ги испочитува обврските од договорот. Претставките ќе бидат разгледувани на советот на министри на Европа до крајот на годинава. Земјава може да се соочи со санкции затоа што ја одложи либерализацијата на пазарот со струја за пет години. Во своето директно изглагање пред пратениците, Копач со забелешки кон Министерството за економија. Поради несоодветната екипираност, не може да одговори на поставените задачи, рече тој.
„Имаше лудна измена на законот со кој се заштитуав монополот на снабдувачи со електрична енергија. Не може тоа да го оправдате и оцените како нешто друго“ - изјави Копач.
Од лидер во регионот пред седум години, Македонија денеска заостанува зад останатите земји во енергетските реформи, вели Копач кој вината ја гледа во отсуството на политичка волја. На новата Влада и препорачува побрза имплементација на третиот енергетски пакет, кој меѓу другото вклучува целосна независност на Регулаторната комисија за енергетика и поголемо производство на енергија од обновливи извори.
Извор: ТВ 24
