Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Европската автомобилска индустрија се бори за опстанок“: Извршен директор на Рено предупредува 'наредните години ќе бидат клучни'

„Европската автомобилска индустрија се бори за опстанок“: Извршен директор на Рено предупредува 'наредните години ќе бидат клучни'

Европската автомобилска индустрија се бори за опстанок под притисок од кинеската конкуренција, но Рено е подготвен да се справи со овие предизвици, изјави извршниот директор Франсоа Прово во интервју објавено денес во Les Echos.

Прово оцени дека наредните години ќе бидат клучни за европските производители на автомобили, кои истовремено се соочуваат со забрзана електрификација, растечка конкуренција од кинеските брендови и потреба од понатамошно намалување на трошоците.

Зборувајќи за плановите на Рено, тој рече дека компанијата нема да се откаже од мерките за ефикасност, додавајќи дека како извршен директор нема да се двоуми да донесе тешки, но неопходни одлуки. Прово додаде дека Рено ја продолжува својата стратегија за развој на електрични возила, а во исто време го прилагодува својот бизнис на промените на глобалниот пазар и зголемената конкуренција од Кина.

Во интервју по повод неговата прва година на чело на компанијата, тој објави дека Рено ќе продолжи да спроведува мерки за да ја обезбеди долгорочната конкурентност на производителот во сè потешка средина.

Тој рече дека електричното возило R5 на Рено носи поголема маржа на профит од популарните модели како што е Меган.

Европските производители на автомобили честопати предупредуваат дека строгите регулативи во Европа, неразвиениот синџир на снабдување со батерии и жестоката конкуренција од кинеските производители го отежнуваат остварувањето профит од електричните возила, објавува Ројтерс.

Поголемите автомобили во таканаречениот Ц-сегмент традиционално носат поголем профит поради повисоките продажни цени, но Прово рече дека Рено го променил тоа со својата нова генерација електрични модели.

Зголемувањето на цените на горивата поради војната на Блискиот Исток дополнително ја зголеми побарувачката за нови и половни електрични возила. Прово минатиот месец изјави дека нарачките за електрични возила на групацијата „Рено“ на некои пазари, како што се Франција и Германија, се зголемиле за 50 проценти од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.

Извор: Еуроњуз

Слично

Поврзани вести