Европска земја воведува награди за издавачите на становите кои ќе ги намалат кириите
Шпанија со санкции за празните станови ќе ја решава станбената криза.
Луѓето кои поседуваат повеќе од четири станбени недвижнини би морале да плаќаат повеќе даноци, доколку еден или повеќе од нивните домови останат празни две години, освен доколку на нив не се извршуваат работи за реновирање.
Владата го изгласа предлог-законот кој предвидува награди за издавачите на становите кои ќе ги намалат кириите и поголеми даноци за оние кои имаат повеќе празни станови.
Владата предлага зголемување на стапката на повратот на данокот од 60 на 70 отсто за изнајмувачите коишто првпат ги ставаат своите недвижнини на пазарот и го изнајмуваат на лица на возраст до 18 до 35 години. За поголем поврат на данокот би биле квалификувани оние кои ќе ги стават своите недвижнини на располагање на државата во програмата за субвенционирање на социјалните станови.
