Европска земја воведува данок на шеќер, на удар ќе бидат безалкохолните пијалаци и пивото
Холандија воведува данок на шеќер, со што на удар ќе бидат цените на безалкохолните пијалаци и пивото.
Холандската влада планира да воведе данок на шеќер, што би можело да влијае на цените на безалкохолните пијалаци, но и на одредени видови пиво, објави Телеграф, повикувајќи се на писмо од кабинетот на холандскиот премиер Роб Јетен и извори запознаени со планот.
Се очекува дека мерката би можела да донесе околу 900 милиони евра приходи и да ги охрабри граѓаните да усвојат поздрави навики.
Плановите на холандските власти предвидуваат воведување данок на шеќер за сите производи што содржат повеќе од шест проценти шеќер, па по зголемувањето на цената, цената на литарско шише Кока-Кола би била за 25 центи повисока, додека цените на другите производи би се зголемиле за околу едно евро по пакување.
Здружението на супермаркети CBL во Холандија предупреди дека цените на храната би можеле да пораснат за десет проценти следната година, делумно поради владините мерки, вклучувајќи го и данокот на шеќер, но и поради зголемените патарини за камиони и даноците за енергија.