Европска земја тргнува во потрага по злато во вселената
Во потрага за благородни метали како злато, платина и волфрам, европска земја започнува со експлоатација на ресурси надвор од Земјината атмосфера. Па така, Владата на Луксембург промовира закон кој прво во Европа ќе му овозможи експлоатирање на астероиди.
Оваае земја има намера да копа руда на астероидите во вселената.
„Наша цел е да отвориме пристап до богатството на досега неистражените рудни сировини на беживотните камења кои се наоѓаат во вселената, без нарушување на природните позиции“, порача министерот за економија на Луксембург, Етјен Шнајдер.
Таквото рударство е далечно можеби и повеќе од деценија, но се очекува дека потегот на Луксембург ќе го привлече интересот на пионерите во оваа област, како што е американската компанија „Planetary Resources and Deep Space Industries“.
Црпењето на ресурсите од вселенските тела е контроверзно проаѓање, бидејќи меѓународните договори наведуваат дека таквото искористување мора да биде во полза на сите земји. Заговорниците на вселенското рударство, пак, велат дека тоа нема да биде полезно само за осигурување на ресурсите кои на Земјата полека исчезнуваат, туку ќе помогне и во истражувањето на далечните планети.
