Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја отвори истрага за високите цени во продавниците

Европска земја отвори истрага за високите цени во продавниците

Во Шведска е покрената истрага поради високите цени во продавниците.

Истрагата во трговијата на мало и големо со храна откри „загрижувачки“ знаци во профитот на трговците. Регулаторот ќе ги објави прелиминарните наоди од истрагата за цените на храната и конкуренцијата што ги побара Министерството за финансии.

„Гледаме причина за загриженост во развојот на маржите во трговијата на мало и големо“, изјави за Ројтерс Мартин Мандорф, раководител на единицата за злоупотреба на пазарот во регулаторната агенција.

Но, тешко е да се изолираат факторите на трошоците, како што се цените на енергијата и војната во Украина, од конкурентниот пејзаж.

Агенцијата го истражува целиот синџир на снабдување со храна, од производители и трговци на големо до малопродажниот сектор и собра податоци од водечките супермаркети во Шведска за цените и маржите.

Се подготвува да побара дополнителни информации, а ажурираните наоди ќе бидат објавени до крајот на годината.

„Во шведскиот прехранбен сектор доминираат три големи компании, што е доказ за „олигопол“, рече Мандорф.

Прехранбениот синџир ICA имаше пазарен удел од 53 проценти во 2022 година, според податоците од регулаторот, а остатокот скоро целосно го покриваат Axfood и Coop. Германскиот Lidl влезе на шведскиот пазар во 2018 година, а во 2022 година имаше само 5,7 отсто од пазарниот удел.

Фото: Шутерсток

Слично

Поврзани вести