Eвропска земја ќе наплаќа на гиганти
Франција воведува данок за дигиталните компании, и нив ќе им „земе“ 500 милиони евра годишно.
Воведувањето на данокот од три проценти на приходите на големите дигитални компании генерирани во Франција би можело во државната каса да донесе 500 милиони евра годишно. Ова го изјави министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер за „Le Parisien“.
Ќе се оданочуваат компаниите кои на глобално ниво остваруваат приходи од дигитални услуги од најмалку 750 милиони евра, како и од 25 милиони евра во Франција, вели министерот.
„Данокот цели на 30-тина компании, главно американски, но и кинески, германски, шпански и британски, како и една француска и неколку компании со француско потекло кои имаат купено странски компании“, додава Ле Мер.
Данокот нема да ги опфати компаниите кои ги продаваат своите производи на сопствениците на интернет страни.