Европска земја ќе им помогне на граѓаните кои имаат високи сметки за струја
Субвенции за сметки за струја ќе има за норвежаните. Норвешка ќе им помогне на граѓаните кои имаат високи сметки за струја.
Домаќинствата ќе добијат владина помош за исклучително високите сметки така што ќе им бидат платени половина од она што ја премина граничната цена од 7,8 центи по киловат. Мерката стапува на сила во декември и ќе трае до март.
„Вонредната ситуација бара вонредни мерки“, рече премиерот Јонас Гар Стор на прес-конференција во Осло.
Според Владата, за помош на граѓаните ќе бидат издвоени 560 милиони долари. Цените на електричната енергија во изминатите месеци значително пораснаа во некои делови на Европа. Светот се соочува со енергетска криза.
Слично
