Европска земја има нов рекорд на вработеност
Бројот на вработени во Шпанија надмина 22 милиони, достигнувајќи нов историски максимум.
Бројот на вработени во Шпанија достигна нов историски максимум, бидејќи во април во системот за социјално осигурување беа регистрирани 22,1 милиони осигурени лица, што е зголемување од 223.685 лица во споредба со март, покажуваат актуелните податоци од Министерството за инклузија и социјално осигурување.
Вработеноста во Шпанија се зголеми во април за 517.192 лица на годишно ниво, или за 2,4 проценти, со клучен придонес на туристичкиот и угостителскиот сектор, кој додаде повеќе од 111.000 вработени и забележа раст од 7,4 проценти на годишно ниво, објавува Паис.
Растот на вработеноста во голема мера беше стимулиран од сезонското вработување за време на велигденските празници, кои оваа година во Шпанија беа на крајот на март и почетокот на април.
