Европска земја ги казнува супермаркетите кои не ја донираат непродадената храна
Супермаркетите во Франција имаат забрана да ја фрлаат непродадената храна.Продавницните сега со закон се обврзани, она што ќе им остане непродадено да го донираат во добротворни огранизации и банки за храна.
Овој закон беше изгласан едногласно од страна на францускиот сенат во средата.
Тој ќе важи за сите супермаркети со димензии од 400 метри квадратни и поголеми површини.
Ако компаниите не го почитуваат овој закон, ним им се заканува парична казна од 3 750 евра.
“Што е најважно, со тоа што супермаркети ќе бидат обврзани да потпишат договор за донација со добротворни организации ќе се зголеми квалитетот и разновидноста на храната што ја добиваме и дистрибураме. “- вели Џејкос Баилет од мрежата на Банки за храна.
Тој вели дека ова е многу важна мерка, со која банките за храна ќе обезбедат квалитетни производи за илјадниците луѓе кои живеат од нивната храна.
