Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПСКА ПОРАКА ЗА ТУРЦИЈА: Ако сакате во ЕУ прифатете ги нашите правила

ЕВРОПСКА ПОРАКА ЗА ТУРЦИЈА: Ако сакате во ЕУ прифатете ги нашите правила

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан бара од Анкара да се изјасни дали може и сака да ги прифати условите на ЕУ.

Ако некој сака да стане член на ЕУ мора да ги исполни критериумите и за тоа нема преговарање, смета Хан.

„Турција треба што поскоро да каже дали сака и може да ги исполни условите, затоа што ова неразјаснето прашање е оптеретување за односите“ - вели Хан.

Хан вели дека припаѓа на групата луѓе кои сакаат да продолжат со преговори, ако и другата страна тоа го сака.

Додава дека ако Турција воведе смртна казна тоа ќе биде поминување на црвена линија и ЕУ ќе мора да реагира.

Според него, Турција е важна соседска земја, а  ЕУ со соседите мора да има добри односи.

Хан негираше дека ЕУ не го осудила обидот за пуч и вели дека будно следат што се случува по овој настан во земјата.

Исто така ги демантираше тврдењата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган дека парите за бегалците согласно договорот не се исплаќаат како што е планирано.

Слично

Поврзани вести