Европска помош за спорот на ЧЕЗ во Бугарија
Претседателот на Европскиот совет , Херман Ван Ромпуј најави дека Европската унија е подготвена да интервенира, ако поради предизборната кампања во Бугарија, трпи позицијата на чешката компанија „ЧЕЗ“ на бугарскиот енергетски пазар.
„Ние добивме уверување и би биле задоволни доколку ЕУ ја исполни својата улога на врвен надгледувач на европските стандарди, со оглед на тоа што претседателот имаше оправдано чувство дека темата се исполитизира и стана дел од бугарскиот предизборен натпревар“, посочи и претседателскиот советник за надворешна политика, Хинек Кмоничек.
Проблемите со ЧЕЗ се појавија по масовните протести на Бугарите кои беа предизвикани од енормно високите сметки за струја, по што следеше оставката на премиерот Бојко Борисов. Истовремено бугарските регулатор почнаа со чешлање на рабатата на ЧЕЗ и останатите електродистрибутивни компании.По ова беше најавено дека е почнат процес за одземање на лиценцата за работа на чешката дистрибутивна компанија иако од чешка страна беа отфрлени обвинувањата за прекршување на правнит прописи при вршењето на својата работа.
