Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска награда за Руфи Османи, ама без виза ништо од церемонијата во Британија

Европска награда за Руфи Османи, ама без виза ништо од церемонијата во Британија

Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи доби награда од Европската бизнис Асамблеа со седиште во Оксфорд,  за својот личен придонес во европското интегрирање.

Престижното признание, Градоначалникот го добил како резултат на неговите заложби за реформи во локалната самоуправа и постигнатите ефекти во транспаретноста и намалувањето на корупцијата, беше посочено на денешната промоција во Гостивар.

„Наградата „Обединета Европа“ ми значи, бидејќи таа се доделува на раководители кои со својата работа придонесуваат во подобрувањето на условите за живеење на заедниците во кои делуваат и на тој начин ја приближуваат земјата кон европските вредности“, изјави денеска Османи.

Наградата која вклучува позлатена статуетка, медал и плакета, на Османи му била испратена по пошта, бидејќи поради проблеми со визата не успеал да замине за Велика Британија.

Слично

Поврзани вести