Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа со земја која е гасна сила договорала како да ги реши своите проблеми

Европа со земја која е гасна сила договорала како да ги реши своите проблеми

Eвропската Унија(ЕУ) најде земја што може да ја реши гасната криза. 

ЕУ наскоро ќе потпише енергетски меморандум со Аргентина. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, при посетата на оваа земја, во изјава за новинарите ја истакна важноста од постигнување на тој договор, имајќи предвид дека Аргентина е „енергетска сила во подем“, а во време на високи меѓународни цени на енергијата, пренесува Јутарњи лист.

„Постигнуваме напредок во меморандумот за разбирање за енергетските прашања. Се надевам дека наскоро ќе биде завршен. Не зборуваме за години или месеци, постои јасен взаемен интерес“, рече Борел.

Аргентина има една од најголемите светски резерви на гас од неконвенционални извори, но не постои начин да се извезе. 

Борел вели дека таа е потенцијално многу голема гасна сила, но мора да се направат инвестиции. 

Рускиот претседател Владимир Путин се исмева со Европа дека оваа зима ќе им биде студено без руски гас. Русија ги користи енергенсите како оружје за уцени на Западот. 

foto freepik.com/fanjianhua

Слично

Поврзани вести