Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европол: Црна Гора „перална“ на пари

Европол: Црна Гора „перална“ на пари

Европската полициска канцеларија во најновиот извештај нагласува дека Црна Гора спаѓа во рангот на „најважните перални на пари“.

Европол констатира дека земјата е важна „перална“ на пари, бидејќи нелегално стекнатите пари на тајкуните и наркокартелите се уфрлуваат во легалните текови и работења, пишува подгоричкиот весник „Дневне новине“.

- И натаму се испитува какви и колкав врски вака стекнатиот капитал има со државниот врв и со коруптивните активности. Под лупа посебно се руските тајкуни, чие работење со години и е сомнително на европската полиција, се вели во извештајот.

Според Европол нелегално заработените милиони во Русија често завршуваат како уредни инвестиции во земјиште, хотели или вили на црногорското крајбрежје.

Европол констатира и дека Црна Гора е на крстосница на патиштата на дрогата и дел од т.н. балканска нарко рута.

- Црна Гора им е интересна на криумчарите на дрога како коакин поради слабиот надзор, но и можноста за подмитување на царинските и полициските контроли, се наведува во извештајот.

Слично

Поврзани вести