Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европол: Разбиена голема криминална група која растурала дрога во Европа – дејствувала и во Македонија

Европол: Разбиена голема криминална група која растурала дрога во Европа – дејствувала и во Македонија
Четири годишна координирана истрага на полициите на неколку европски земји, во која била вклучена и Македонија, ја откри трагата на голема криминална група кој шверцувала и продавала хероин во земјите од Европската унија, сооппшти Европол. Во големата акција за апсење на осомничените членови на групата биле приведени околу 400 лица и притоа полициските службеници заплениле 100 килограми хероин како и помали количини кокаин, марихуана и пари. Членовите на групата која се занимавала со растурање на наркотоцо биле регрутирани од Австрија, Германија, Холандија и Македонија. Групата имала свои бази и во Македонија од каде преку таканаречената „Балканска рута“ биле внесувани големи количини дрога наменети за наркопазарот во Европа. Според информациите на Европол истрагата била фокусирана на поголем број криминални групи кои соработувале и оперирале заедно, надвор од Македонија, а нивна цел била дистрибуција на висококвалитетен хероин по многу ниски цени во Европа како и внесување големи количини дрога, особено во Австрија и во Германија. Криминалната група била многу добро организирана, со строга хиерархија во која никој од членовите не знаел кој се и што работат другите членови, особено оние на високите позиции. Главната карактеристика на групата била строгата организација, поделбата на работата и добро организираните процедури. Шврецот и трговијата со дрога на наркопазарот во Европа и понатаму останува голема закана бидејќи овој пазар се смета за високопрофитабилен и достигнува суми изразени во милијарди.  
Слично

Поврзани вести