Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европјаните задоволни од договорот Белград-Приштина, СПЦ обвинува за предавство

Европјаните задоволни од договорот Белград-Приштина, СПЦ обвинува за предавство

За 26-ти април е закажана седницата на српскиот Парламент, на која ќе се разгледа постигнатиот  договор меѓу Белград и Приштина во Брисел. Ова го соопшти претседателот на Парламентот, Небојша Стефановиќ. Тој изјави дека очекува српската Влада утре да го претстави во Парламентот извештајот за преговорите во Брисел, што ќе го содржи и постигнатиот договор.

Денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе и високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон, оценија дека со препораките на ЕК за почеток на пристапните преговори со Србија и преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) со Косово, е отворен патот за напредок кон европската иднина на Србија и на Косово.

„Препораките да почнат пристапните преговори со Србија и преговорите за ССА со Косово означуваат одлучувачки прекин со минатото и заеднички чекор кон европската иднина“, истакна Ештон која им оддаде признание на лидерите на Србија и Косово за нивната храброст.

За еврокомесарот Штефан Филе, одлуката на ЕК е добра вест за, како што вели, народот во Србија, на Косово и во целиот регион.

„Србија и Косово докажаа дека можат да се фокусираат на својата иднина, а не да останат заплеткани во своето минато. Нашите препораки денеска, според тоа се јасни,  и Србија и Косово заслужуваат да се свртат одлучно кон иднината во ЕУ“,истакна Филе.

Владата на Србија денеска го одобри договорот за нормализирање на односите со Косово, што премиерите на Србија и Косово го парафираа во Брисел во петокот.

СПЦ: Ова е предавство

Во меѓувреме се огласи и Синодот на Српската православна црква кој денеска оцени дека бриселскиот договор за Косово е „предавство на сопствената вековна и најважна територија“ и премолчено признавање на косовската власт во јужната покриана.

„ По плаќањето на ваква висока цена за фамозниот „датум за почеток на преговорите“ и тоа преговори со непознат број нови услови и со неизвесен исход, цената за евентуалниот влез во ЕУ ќе биде и формално признавање на „независно Косово“ од страна на Србија и нејзина обврска да не попречува Косово да добие место во ОН“, се наведува во соопштението од Синодот на СПЦ.

Слично

Поврзани вести