Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПА ВО СТРАВ: Една од земјите влезе во рецесија

ЕВРОПА ВО СТРАВ: Една од земјите влезе во рецесија

Економијата на Италија е во рецесија, покажуваат економските параметри за четвртиот квартал лани. 

Ова е првпат по 2013 година некоја земја на ЕУ да се соочи со рецесија. 

Економијата има пад од 0,2 отсто во последниот квартал лани, а тоа по намалувањето од 0,1 процент во претходниот, трет квартал, значи влез во рецесија.

Италија е една од најголемите европски економии, но минатата година имаше многу проблеми. 

Европа се плаши дека може да се појави грчко сценарио и во Италија. 

Информацијата дека Италија влегла во рецесија не е неочекувана, на тоа претходно предупредуваа ММФ и Светската банка. Европската комисија претходно објави дека Италија оваа и следната година ќе има најбавен раст меѓу земјите од еврозоната.

Италија сега нема да го одржи ветувањето кон ЕУ за стабилизациска програма, а и тешко дека ќе дојде до потребните пари.

Земјата е во техничка рецесија, која по дефиниција настанува кога ќе се забележат два последователни квартали со економски пад.

Рецесијата во Италија, влијаела и на пошироката економска еврозона, која во последните 3 месеци во 2018-та година се зголемила за само 0,2 отсто, исто како и во претходното тромесечје. Во Брисел се плашат дека лошите ефекти од италијанската рецесија допрва ќе се чувствуваат.

Слично

Поврзани вести