,,Европа” со добивка од 232 илјади евра за шест месеци
Во првите шест месеци од годинава компанијата Европа има добивка од 232 илјади евра евра, што е повеќе од двојно повеќе во однос на лани истиот период кога добивката на оваа компанија изнесувала 100 илјади евра.
Приходите од продажба за половина година изнесуваат близу 5,6 милиони евра, што споредено со истиот период од минатата година има раст за 10%, односно тогаш приходите од продажба изнесувале 5 милиони евра.
Приходите од продажба на странските пазари се поголеми од приходите од продажба на домашниот пазар.
Односно, приходите од продажба на странските пазари изнесуваат близу 2,9 милиони евра, а приходите од продажба на домашниот пазар изнесуваат близу 2,7 милиони евра.
При тоа може да се забележи дека споредено со минатата година, годинава има раст од 14% на приходите од продажба на странските пазари, додека придходите од продажба на домашниот пазар се зголемени за 6%.
Компанијата пријавува и дека има близу 4 милиони евра побарувања од купувачите што е за 3% помалку од состојбата што била прикажана минатата година во првите шес месеци.
Слично
