Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа се соочува со предизвик - ризикува да остане без гас

Европа се соочува со предизвик - ризикува да остане без гас

Европската унија може да се соочи со криза во снабдувањето со гас од средината на месецов, кога енергетските компании од државите од ЕУ ќе треба да извршат плаќање за набавените количини. По одлуката на Москва, плаќањето за гасот да се врши во рубљи, државите треба да одлучат дали ќе ја прифатат оваа измена, иако немаат алтернативни решенија во врска со гасот, пишува Гардијан.

Во текстот се цитира еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон, која појаснува дека барањата на Кремљ треба да бидат отфрлени и покрај ризиците од прекини во снабдувањето.

Минатата недела, „Газпром“ ги прекина испораките на гас за Полска и за Бугарија. Следуваше предупредување дека истата судбина може да ја имаат и други земји, доколку тргнат по патот на Варшава и Софија.

- Средината на мај многу европски енергетски компании треба да ја извршат следната исплата на ‘Газпром’, па се обидуваат да го најдат најдоброто решение за тоа што да сторат, затоа треба да им се објасни, дека плаќањето во рубљи преку механизам за конверзија, управуван од руските власти и втора специјална сметка во ‘Газпромбанк’, значи прекршување на санкциите и не можат да се прифатат - истакна Симсон.

Минатата година, во Европската Унија од Русија имало околу 45 отсто од увозот на гас во ЕУ и речиси 40 од вкупната потрошувачка на гас, потсетува Гардијан.

Следното плаќање за гас од европските енергетски компании е на 20 мај.


Слично

Поврзани вести