Европа подготвува строги мерки за штедење: Шведска размислува за ограничување на брзината на 70 км/ч поради можен недостиг на гориво
Европските земји сè поинтензивно размислуваат за мерки за штедење енергија, а Шведска веќе разгледува конкретни чекори поради можен недостиг на гориво предизвикан од кризата на Блискиот Исток.
Меѓу мерките што се анализираат е и значително намалување на максималната дозволена брзина на патиштата – дури на 70 километри на час. Целта е да се намали потрошувачката на гориво, особено во услови на зголемена неизвесност на енергетските пазари.
Претставничката на Шведската агенција за енергетика, Ела Килим, изјави дека ограничувањето на брзината, како и рестрикции за возење во густо населени подрачја, би можеле да бидат ефикасни начини за намалување на потрошувачката.
Дел од аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата е посериозна отколку што официјално се прикажува. Кристијан Копфер од компанијата Arctic Securities смета дека веќе во текот на летото граѓаните би можеле да се соочат со рационализација на горивото.
Доколку кризата продолжи, шведските власти не ја исклучуваат можноста за воведување дополнителни мерки, вклучително и ограничување на количината гориво што граѓаните ќе можат да ја купат.
Овие најави доаѓаат во време кога нестабилноста на глобалниот енергетски пазар повторно го отвора прашањето за подготвеноста на Европа за евентуални шокови во снабдувањето со енергенси.
Србија данас