Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа не е многу зависна од нафтата и гасот од Персискиот Залив

Европа не е многу зависна од нафтата и гасот од Персискиот Залив

Европа не е еден од регионите кои се многу зависни од нафтата и гасот од Персискиот Залив, каде што испораките се прекинати поради војната на САД и Израел со Иран, пишува австрискиот весник „Стандард“.

Грција увезува 36 проценти од нафтата и гасот од Блискиот Исток, Литванија и Полска по околу 30 проценти, Србија по 29 проценти, објавува Бета.

Во 2024 година, Италија и Албанија увезоа 22 проценти од енергeнсите од земјите од Персискиот Залив, а Франција околу 18 проценти. Околу 10 проценти е уделот во увозот на Холандија, а е уште помал од оној во Шпанија, Романија или Германија.

На самото дно на табелата се Естонија и Северна Македонија (по два проценти), Хрватска и Швајцарија (по еден процент) и БиХ и Словачка со помалку од еден процент од вкупниот увоз.

Зависноста на земјите во светот од нафтата и гасот од Кувајт, Ирак, Бахреин, Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија е пресметана врз основа на уделот во вкупниот увоз изразен во долари од американскиот „Њујорк тајмс“ врз основа на податоци од порталот „Обсерваторија за економска сложеност“.

Одредени азиски земји зависат многу повеќе од Европа од увозот на енергенси преку блокираниот Ормутски теснец. На самиот врв се Пакистан (81 процент), Јапонија (57 проценти), Тајланд (56 проценти), Јужна Кореја (55 проценти) и Индија, која увезува половина од енергенсите од регионот на Ормутскиот Залив.

Кризата силно ќе погоди и некои африкански земји. Досега, Сејшелите увезуваа дури 98 проценти од енергенсите преку географски блискиот Персиски Залив. Во Африка, нафтата од Блискиот Исток игра важна улога и во Мавританија (76 проценти), Уганда, Маврициус и Кенија.

За разлика од овие земји, Нигерија, која самата е богата со нафта, традиционално увезува малку енергенси од земјите од Заливот (12 проценти).

Сепак, ако кризата продолжи, африканските земји би можеле да имаат не само недостаток на нафта, туку и на вештачки ѓубрива, бидејќи земјите од Персискиот Залив доминираат во производството на земјоделски хемикалии поради изобилството на извори на енергенси. 

Поради сопствената развиена инфраструктура за експлоатација на нафта и гас, земјите на американскиот континент се најмалку зависни од изворите на енергенси од Блискиот Исток, а единствените со уште позначаен удел во увозот се Аргентина (16 проценти) и Бразил (13 проценти). Во САД е 10 проценти, а во Канада е пет проценти.

Во повеќето земји на тој континент, увозот од Блискиот Исток е занемарлив, помалку од еден процент, пренесува Biznis.rs.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести