Европа конечно може да здивне: Почна испораката на гас преку германско-рускиот гасовод Северен тек 1
Портпаролот рече дека ќе биде потребно извесно време за да се достигне нормалната висина на транспортот на гас.
Испораките на гас продолжија во четвртокот преку германско-рускиот гасовод Северен Тек 1 по одржувањето, потврди портпаролот на компанијата за германската новинска агенција ДПА.
Десетдневниот прекин на одржување го намали протокот на нула на 11 јули, а имаше стравувања дека Москва би можела да одлучи да не започне со нови испораки во време кога Европа веќе се соочува со енергетска криза.
Портпаролот рече дека ќе биде потребно извесно време за да се достигне нормалната висина на транспортот на гас.
Тој рече дека најновите количини на снабдување со гас се исти како оние што се најавуваат, околу 67 милиони кубни метри дневно, што е околу 40 отсто од максималниот капацитет.
Сепак, можно е количините да се променат во текот на денот, бидејќи е потребно извесно време за да се стабилизира протокот.