Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕВРОПА ЌЕ СЕ ВРАТИ НА РУСКИОТ ГАС“: Ел Каби предупреди дека нестабилноста на пазарот на сина енергија ќе трае со години

„ЕВРОПА ЌЕ СЕ ВРАТИ НА РУСКИОТ ГАС“: Ел Каби предупреди дека нестабилноста на пазарот на сина енергија ќе трае со години

Иако извозот на руски гас во Европа драстично падна по почетокот на војната во Украина, односно воведувањето на бројни пакети санкции за руските производители на енергија и ценовните ограничувања, министерот за енергетика на Катар и директорот на Катар енерџи, Сад Шерид Ел Кааби, најавува дека тоа ќе се промени во иднина.

  – Европејците денеска велат дека нема шанси да му се вратат на рускиот гас – рече Ел Каби на Светскиот енергетски форум во Абу Даби и додаде дека верува оти околностите ќе се променат со текот на времето, а Европејците „учат од оваа ситуација“.

Европа беше главниот извозен пазар на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, а минатата година компанијата забележа пад на извозот во ЕУ и Швајцарија за 55 отсто.

Благата зима ги поштеди европските земји да не мора да ги испразнат резервите на гас, но Ел Каби предупреди дека оваа година резервите ќе биде потешко да се пополнат.

- За среќа, поради потоплото време побарувачката на гас не беше голема. Меѓутоа, прашање е што ќе се случи кога ќе посакаат да се надополнат. Нема да има многу гас до 2025, 26, 27 година - рече катарскиот министер и посочи дека ќе потрае нестабилната состојба на пазарот на гас.

EPA-EFE/NOUFAL IBRAHIM

Слично

Поврзани вести