„Европа“ ќе подели бруто дивиденда од 35 милиони денари
„Европа“ ќе подели нето дивиденда по акција во износ од 135 денари, објави компанијата. Ова е трета година по ред таа компанија да дели дивиденда. Разликата е во тоа што во споредба со дивидендата поделена лани, годинава таа е повисока за феноменални 100 отсто!
Акцијата на „Европа“ на берзата не се тргувала подолго од една година во класично тргување, а според официјалните достапни податоци последната цена на акцијата била 3.145 денари.
Според објавата на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност дивидендата во бруто износ е 150 денари за акција, што значи дека за државата во форма на персонален данок ќе одат 10 отсто од секоја добитна акција. Вкупниот износ на бруто дивиденда е речиси 35 милиони денари. По одбивање на данок на добивка или персонален данок нето дивидендата во агрегатен износ е над 34 милиони денари.
Слично
