Европа ја чекаат пет до десет тешки зими
Не само што оваа зима ќе биде тешка за Европа, туку и следните години енергетската криза нема да се реши.
Белгискиот премиер Александер Де Кро најави дека Европа ја очекуваат пет до 10 тешки зими.
„Бројни сектори се носат тешко со високите цени на енергенсите. Внимателно го следиме тоа, но мора да бидеме транспарентни. Месеците кои доаѓаат ќе бидат тешки, зимите кои доаѓаат ќе бидат тешки“, рече Де Кро.
Европските земји воведоа санкции за руските енергенси поради инвазијата на Украина.
Сепак, германските складишта за природен гас се пополнети над 80 проценти, што покажува стабилен напредок, и покрај драстичното намалување на испораките од Русија.
Слично
