Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок
Иако Европа бележи раст на вработеноста, сепак има сериозен проблем, односно пазарот на трудот е сè понесигурен, а клучните сектори се соочуваат со хроничен недостиг на работници.
Најновиот извештај на EURES на Европската агенција за труд открива длабоки структурни нарушувања што би можеле да ја загрозат стабилноста на европската економија на долг рок.
Демографските промени, стареењето на населението, забрзаната дигитализација и зелената транзиција создаваат сектори каде што нема доволно работници, додека во другите струки има отпуштања. Многу работни места, особено оние што се физички напорни или слабо платени, повеќе не се привлечни за младите генерации, што го зголемува притисокот врз пазарот.
Генерацискиот јаз е исто така изразен, младите луѓе тешко влегуваат во сектори каде што има хроничен недостаток на работници, иако тоа се работни места кои наскоро ќе останат без работна сила поради масовното пензионирање на постарите лица.
Европа се соочува и со загрижувачки ниско ниво на дигитални вештини. Само 5,6 проценти од возрасните имаат основни дигитални вештини, што е далеку под потребите на современиот пазар на трудот. Ова дополнително го комплицира вработувањето во брзорастечките индустрии кои во голема мера се потпираат на новата технологија, пренесува bizportal.rs.
foto freepik.com/aleksandarlittlewolf
