Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа има потреба од САД за зачувување на мирот на Балканот

Европа има потреба од САД за зачувување на мирот на Балканот

По ужасот на геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, САД имаат учество во секој значаен прогрес во мировните процеси на Балканот, трошат значајни ресурси за мировни напори во регионот.

Европа исто така има значително присуство, уверувајќи дека договорените спогодби се отпорни, преземајќи ги мировните мисии и, најважно, користејќи го ветувањето за перспективно членство во Европската унија за промовирање на демократијата и економскиот просперитет во регионот.

Во последните 15 години, додека балканските држави се реформираа, нивните меѓусебни непријателства се смирија. Тие делат заедничката цел да се приклучат кон ЕУ, што ги поттикнува да ги развиваат демократските институции и да работат за иднина без граници.

Хрватска доби членство во 2013 година, давајќи им надеж на останатите во нејзиното "маало". Но, сега се случува нешто чудно.

Земјите-членки на ЕУ се противат на прифаќањето на нови членови во клубот: влезот на Романија и Бугарија беше можеби избрзан, а Унијата е расеана од серијата кризи по 2008 година - финансиската криза, кризата со еврото, миграциската криза, и „Брекзит“.

Неовластени билатерални спорови, како дипломатскиот ќорсокак за името меѓу Македонија и Грција, го блокираат напредокот и дополнително го поткопуваат кредибилитетот на процесот на проширување. И како резултат недостатокот на политички апетит за проширување на Европа се заканува да испрати погрешна порака до регионот каде мирот останува кревок.

Денес политичките елити на Балканот покажуваат слаб интерес за придржување кон здравата основа на демократските вредности на Европа. Наместо тоа, во пораст се авторитаризмот и клиентализмот.

Жителите на регионот се соочуваат со растечка безнадежност под притисок на растечката невработеност, додека земјите продолжуваат да се борат да стигнат до нивото на БДП кои го имале како дел од Југославија. „Брекзит“ може да биде последена шајка во ковчегот на регионот. Не само што Велика Британија беше значаен активист за проширување, но нејзиното повлекување ќе ги остави останатите во ЕУ премногу зафатени да посветат внимание на Балканот. Ситуацијата дава силен аргумент на владејачката класа на Балканот, задоволна од статус кво: Зошто да се приклучуваме кон унија, кој се распаѓа, и при тоа не не ни сака?

Силните на Балканот може и да кажуваат проевропски приказни, но се движат како руски и турски авторитарни личности. Тие нудат краткорочна стабилност, но не ги почитуваат демократските институции и уживаат популистички тонови кои може да го поткопаат мирот во регионот.

Како обид за државен удар и последователните мерки во Турција покажаа, тоа е опасен модел за Балканот.

Слично

Поврзани вести