Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа и Јапонија се поблиску до договор за слободна трговија

Европа и Јапонија се поблиску до договор за слободна трговија

Политичките претставници на Европската Унија и Јапонија се многу блиску до постигнување на договор за слободна трговија кој треба да внесе голем број на олеснувања за компаниите и бизнисмените.

Претседателот на европската комисија Жан Клод Јункер и јапонскиот премиер Шинзо Абе посочија дека посакуваат што е можно порано да го состават договорот за слободна трговија кој ќе биде сигнал против изолацијата и протекционизмот како правци кои повторно се враќаат по изборот на Трамп за претседател на САД. 

Преговорите меѓу ЕУ и Јапонија се водат веќе пет години и доколку завршат успешно би дошло до олеснување на пазарите кои зафаќаат повеќе од една третина од светскиот економски потенцијал.


Слично

Поврзани вести