Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа го намали дефицитот, ама го зголеми долгот

Европа го намали дефицитот, ама го зголеми долгот

Членките на еврозоната успеале како целина да го намалат буџетскиот дефицит во минатата година на 2,6 одсто од бруто домашниот производ.

Нивниот вкупен јавен долг, меѓутоа, продолжува да бележи раст, соопшти европската служба за статистика Евростат.

Буџетскиот дефицит на 28 членки на ЕУ минатата година е намален во споредба со 2013 на 3,0 од 3,3 одсто од БДП, додека буџетскиот дефицит на еврозоната паднал на 2,6 одсто од БДП од 3,0 одсто од 2013 година, се наведува во соопштението на Евростат.

Регионот на еврозоната, како што се наведува, минатата недела бил фокусиран на контрола на државна потрошувачка поради доведување на дефицит внатре во границите на ЕУ од 3,0 одсто.

Највисок буџетски дефицит лани е регистриран ан Кипар од 8,9 одсто и во Португалија од 7,2 одсто, додека Грција која беше на строг програм на намалување на потрошувачката имала буџетски дефицит од 3,6 одсто, а Германија, од друга страна, евидентирала суфицит на буџетот од 0,3 одсто.

Јавниот долг на еврозоната меѓутоа, пораснал на 92,1 одсто на БДП од 91,1 одсто од 2013 година, додека во цела ЕУ скокнал на 86,8 од 85,5 одсто од БДП од 2013, покажуваат податоците на Евростат.

Слично

Поврзани вести