Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа ги подобри прогнозите за бугарската економија

Европа ги подобри прогнозите за бугарската економија

Според пролетната економска прогноза на Европската комисија, во 2016 година економијата на Бугарија ќе порасне за 2%, а  во 2017 година стапката на раст на бруто домашниот производ ќе  биде 2,4%.

Новите очекувања бележат значително подобрување во однос на прогнозата од февруари. Тогаш се очекуваше економски раст од 1,5% за 2016 година и 2% за 2017 година.  Во буџетот на Бугарија за оваа година е констатиран раст на БДП од 2,1%, и 3% во текот на изминатата 2015 година.

Вкупниот државен дефицит постепено ќе се намалува, инфлацијата ќе се движи од минус 1,1% во 2015 година до минус 0,7%  оваа година и плус 0,9% во 2017 година. Невработеноста во Бугарија ќе се намали од 9,2% во 2015 година на 8% оваа година.

Слично

Поврзани вести