Европа е загрижена затоа што Црна Гора „продава“ пасоши
Вијести пишува дека „продажбата” на црногорски пасоши претставува ризик за Европската Унија(ЕУ).
Ова за Вијести го истакна портпаролката на Европската Комисија(ЕК), Ана Писонеро Хернандез коментирајќи го тоа што црногорската Влада и покрај препораките на ЕУ, продолжува да ја спроведува програмата за економско државјанство.
Програмата е со план да трае три години и ја смисли и ја спроведе претходната Влада во 2019 година. Првиот златен пасош е издаден во февруари 2020 година.
Црногорско државјанство, според програмата од 2019 година, добиле вкупно 409 странци. Најмногу од нив се Руси, 241 или скоро две третини.
Европа претходно имаше и критики за доделувањето бугарски пасоши. Имаше медиумски анализи за тоа дали опасни луѓе кои добиле бугарски пасоши би биле закана за ЕУ.
