Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа е загрижена за ескалацијата во Србија, Гардијан го нарече Вучиќ популист

Европа е загрижена за ескалацијата во Србија, Гардијан го нарече Вучиќ популист

Европа реагира на ескалацијата на насилството во Србија.

Последните протести во Србија и насилните сцени што се случија на улиците на Белград, Нови Сад и други градови, ја потресоа меѓународната јавност. Најрелевантните светски медиуми објавија фотографии и извештаи за ескалацијата.
Европските функционери го оценуваат насилството како „загрижувачко“. Европската комесарка за проширување Maрта Кос порача дека напредокот на Србија кон ЕУ зависи од тоа граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови, а новинарите да известуваат без заплашување.
Најголемите светски агенции и медиуми, меѓу кои Фајненшл тајмс, Дојче веле, Ројтерс и Гардијан, објавија фотографии од протестите, опишувајќи ги како ескалација на деветмесечните демонстрации и реакција на нападот на активисти на СНС врз граѓани во Врбас. Гардијан го нарекува Вучиќ „популист кој со месеци е соочен со протести, но тврдоглаво одбива да распише избори“. На 1 ноември лани се урна натстрешница на Железничката станица во Нови Сад каде загинаа 15 луѓе, меѓу кои и еден македонски државјанин, научникот Васко Саздовски. 

Слично

Поврзани вести