Европа e на работ на недостиг на гас?
Нивото на пополнетост на подземните складишта за гас (PSG) во Германија и Франција падна под 50 проценти, објави руската нафтена компанија „Газпром“.
„Според податоците од компанијата „Гас Инфраструктура Јуроп“, на 9 јануари, 48,2 проценти од резервите на гас останале во подземни складишта за гас во Германија, а 49,2 проценти во Франција“, се наведува во соопштението на компанијата.
На 7 и 8 јануари беа регистрирани најголемите количини на гас некогаш повлечени од европските подземни складишта за гас во еден ден.
Вкупно, во европските подземни складишта за гас на 9 јануари имаше 56,3 милијарди кубни метри гас, што е 55,5 проценти од вкупниот капацитет за складирање и 12,6 милијарди кубни метри помалку отколку во 2025 година.
Газпром претходно објави рекордни повлекувања на гас од европските складишта при ниски температури.
Компанијата изјави дека на 5 и 6 јануари европските земји повлекле најголеми дневни количини на гас некогаш регистрирани за тие датуми, пренесува Блиц.
foto freepik.com
