Европа е лидер во светот на дигиталните номади - тука е најлесно да се добие виза?
Според истражувањето на „Глобал Ситизен Солушнс“, кое анализирало 64 земји според времетраењето на визите, финансиските услови и можностите за постојан престој или државјанство, европските земји се убедливо доминантни.
„Европа, благодарение на својата стабилност, безбедност и богата културна понуда, останува најатрактивниот избор за преселба на дигиталните номади“, се наведува во извештајот.
Топ 10 земји за дигитални номади во 2025 година
Шпанија
Холандија
Уругвај
Канада
Чешка
Португалија
Франција
Обединети Арапски Емирати
Германија
Малта
Зошто Шпанија е број еден?
Шпанија е лидер на листата благодарение на својата виза за дигитални номади, која овозможува работа од далечина за странски компании, но и делумно ангажирање во шпански компании - до 20 oтсто од вкупната работа.
Придобивките вклучуваат големи брзини на интернет, одличен квалитет на живот и правна рамка што води до постојан престој, па дури и државјанство. За граѓаните на латиноамериканските земји, Филипините и Екваторска Гвинеја, периодот на натурализација е намален од десет на само две години.
foto freepik.com/diana.grytsku
