Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПА БАРА ВОСПИТУВАЧИ: Плаќаат по 3.000 евра

ЕВРОПА БАРА ВОСПИТУВАЧИ: Плаќаат по 3.000 евра

Воспитувачи, учители, стручњаци за финансии се бараат во Европската Унија, покажува истражување на Европската комисија. 

Возачи за градежни машини се дефицитарни во Словенија, а бабици во Холандија и Грција. 

Воспитувачи највеќе се бараат во Шведска, а платите се од 2.000 до 3.500 евра. 

Се бараат и пожарникари, келнери, обезбедувачи ширум Европа. 

Во Словачка се бараат продавачи и работници за во јавен сектор. 

Чешка има потреба од административни работници  и ИТ стручњаци. 

Кипар бара секретарки и пожарникари. 

Во Европа сега се бараат и кадри кои претходно не се бараа. 

До 2025 година во автомобилската индустрија ќе има 888.000 работни места. 

Од друга страна околу 300.000 работни места ќе ги снема во занаетчискиот сектор. 

Слично

Поврзани вести