Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврообврзницата е издадена со повисока камата?

Еврообврзницата е издадена со повисока камата?

Македонија ќе се обиде да се задолжи со најмалку 300 милиони евра преку седумгодишна еврообврзница со каматна стапка од 5,875%, објави Ројтерс.

Овој пат каматата е повисока од таа за претходната еврообврзница која беше откажана и чија камата требаше да биде 5%. Според информациите на Ројтерс сумата од 300 милиони не е конечна и задолжувањето може да досигне и 500 милиони евра.
Еврообврзницата повторно е издадена откако беше одложена минатиот четврток по писмо од Кире Наумов, поранешниот дополнителен заменик министер за финансии од СДСМ.
Посредници за еврообврзницата се истите банки – Ситигруп, Дојче банк, Ерсте група и Сосиете Женерал. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска повторно испрати писмо до банките и светските медиуми во кое потсетува за  незаконската постапка за издавање на еврообврзницата. „Никола Груевски и неговите послушници и соработници попладнево го извршија најголемото финансиско злосторство во историјата на Република Македонија и за тоа ќе одговараат!“ - реагираат од СДСМ.

Од партијата велат дека вкупната сума што ќе треба да ја отплаќаат идните генерации изнесува 776.2 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека еврообврзницата е нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји.  

Слично

Поврзани вести