Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРООБВРЗНИЦА: Повеќе губитници, одошто добитници!

ЕВРООБВРЗНИЦА: Повеќе губитници, одошто добитници!
Виктор Петков, сопственик и директор на „Випро" – Гевгелија за  порталот  Фактор   со оценка  какви  се придобивките или последиците од одложувањето на еврообврзницата од 650 милиони евра . Петков чија  компанија е водечка  во конзервната индустрија во Македонија  вели „Не ја гледам развојната компонента, ниту гледам издржани економски анализи за придобивки и ризици, не гледам анализа за  можни неправилности и механизми за нивно спречување, а најмалку корелација со нашата редовна  годишна стапка на раст“. став Виктор Петков: Самото издавање Еврообврзница е редовен економски инструмент уште од 1963 кога првпат е употребена за изградба на Италијански Аутостради. Понатаму се почесто се користи често успешно но во последно време од редица причини повеќе неуспешо.  Примери: Португаија Грција од ЕУ или Замбија, Уганда - Африка. Денеска во Македонија слушам дека се потребни 650 милиони евра да се обезбедат преку Евробврзници но дополнителните информации од јавните гласила и медиуми ми се контрадикторни и дискутабилни. Не можам да ја видам конкретната намена како во првобитниот Италијански случај , понатаму не ја гледам Развојната компонента ниту гледам издржани економски анализи за придобивки и ризици ( Економски,  Политички- избори и зачувување на моќта, Валутен... ), не гледам анализа за  можни неправилности и механизми за нивно спречување а најмалку корелација со нашата редовна  годишна стапка на раст. И на крај можеби би дошол на најважното:  Одговорност?!? За  Неуспехот, Успехот по предметното. За жал  тоа во Македонија  досега не функционирало ниту функционира. Немаме изградено механизам по истото така да веројатноста да промашиме без ничија одговорнст а на штета на сите граѓани на земјата  е голема.  Имаше нешто слично во Грција и Портигалија во последно  време. Гледајќи ги претходните 25 години  на самостојна Македонија досега не сум видел ниеден позитивен стратегиски исчекор во такво крупно финансирање за иднина така да не гледам зошто би верувал дека ова демек ќе биде со бенефит. Кај нас за жал се уште формата е пред суштината . Придобивките би произлегле дури по анализа на претходното и дефинирање  на конкретната цел која во моментот очигледно не е јасно дефинирана ниту транспаретно анализирана. Се додека не изградиме механизам, систем на одржливост по истото кој ќе ги опфати горенаведените ризици  (како во фамилија или просечна успешна приватна фирма)  мислам дека од користење на Еврообврзница во овој момент однапред би биле повеќе губитници откоку добитници. Подготви Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести