Еврообрзницата е како „операција успешна, пациент мртов“
Износот што Владата планира да го земе преку еврообврзница, е превисок и ќе ја стави Македонија во исклучително тешка ситуација, вели за Фактор, Венко Глигоров, бизнисмени и аналитичар. Според Глигоров,и моментов во кој се наоѓа земјата е неповолен за вакво задолжувањње, затоa што ќе биде скапо.
Времето во кое се покренува издавањето на еврообврзницата е многу неповолно за Македонија. Македонија има дефакто техничка влада со многу нови министри и нов министер за финансии и е штетно да се избрзува со вакви клучни одлуки и активности.
Со ребалансот на буџетот се зголемува дефицитот, а се алоцираат средства на несуштински трошења кои нема да ги подобрат економските перформанси на Македонија. Наместо да има поширока дебата за буџетот и ревидирање на неговата структура, Владата посегнува по зголемен буџет наспроти намалени проекции на бруто-домашниот производ.
Накусо, се зголемува буџетот еднострано и за таквиот буџет се бараат нови пари. Најбитното е тоа што износот е превисок и ќе ја стави Македонија во исклучително тешка ситуација. Се создава привид дека се е законски како во ситуацијата: операцијата е успешна, а пациентот е мртов. Исто така е важно да се истакне дека со Пржинскиот договор кој е верификуван и во собранието,
Македонија се обврза да спроведува активности на создавање на услови за кредибилни избори и да работи на отстранување на политичката криза преку реализација на одредбите од извештајот на Прибе. Ниту со буџетот ни со еврообврзницата овие обврски не може да се видат дека ќе се исполнат.
Слично
