Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврокомесарот Хан прави напори за нова лидерска средба?

Еврокомесарот Хан прави напори за нова лидерска средба?

Еврокомесарот Јоханес Хан, испратил писмо до лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, јави Алсат-М.

Телевизијата се повикува на дипломатски извори, според кои меѓународниот фактор инсистира на нова средба откако се откажа состанокот во Виена.

„Страните повторно да почнат дијалог и неопходно да најдат компромисно решение. Да се спроведат сите реформи, да се прочисти избирачкиот список заедно со реформите во медиумите. Изборите неопходно е да бидат сеопфатни“ - велат дека е содржината на писмото од Брисел испратено преку амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Политичките партии не ја коментираат содржината на писмото на комесарот кој побарал и омекнување на ставовите и компромис за излез од политичката криза. Тие не негираат дека добиле вакво писмо, иако велат дека тоа било адресирано до оние субјекти кои отстапиле од политичкиот договор.

Слично

Поврзани вести