Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврогрупата нема да преговара со Грција пред референдумот

Еврогрупата нема да преговара со Грција пред референдумот

Претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум изјавил денеска дека финансиските министри од еврозоната ќе разговараат за последните предлози на Атина, но „гледа мали шанси за напредок“, по говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Потоа беше јасно дека Еврогрупата нема да преговара повеќе со Грција до референдумот од 5 јули, пренесоа светските новински агенции. Тоа го соопштил словачкиот министер за финансии Петер Казимир. Ова го потврдија и извори од грчката влада.

Ципрас ќе ги прифати претставените предлози минатиот викенд на доверителите за продолжување на спасувачката програма со грст ситни промени. Ова беше јасно од писмо на грчкиот премиер до доверителите што е испратено вчера вечерта.

Во него се вклучени детали во врска со вчерашното изненадувачко барање на Грција да се прошири истечената на втора меѓународна спасувачка програма и за доделување на нови 29,1 милијарди евра помош.

Слично

Поврзани вести