Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврогрупата бара решение на грчката криза

Еврогрупата бара решение на грчката криза

Клучната седница на министрите за финансии од Еврогрупата се одржува во Брисел. Главната тема ќе биде решавање на грчката криза и постигнување на договор за доделување на последната транша од 7 милијарди евра за Атина.

Владата на Алексис Ципрас инсистира да добие признание за постигнатиот напредок, за да продолжи со реформите.

Покрај тоа, властите во Грција се надеваат да добијат барем дел од предметната транша.

Во меѓувреме, Грција го започна плаќањето на 750 милиони евра кон Меѓународниот монетарен фонд ден пред донесување одлука за плаќањето соопшти Министерството за финансии на Грција.

Наредбата за плаќањето во вторникот е издадена кон грчката Агенција за управување со државниот долг. Бидејќи владата се соочува со финансиски тешкотии имаше загриженост дали ќе може да го направи тоа плаќање, иако Атина постојано уверуваше дека ќе ги исполни обврските.

Слично

Поврзани вести