Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евроатлантскиот совет бара прием за Македонија во НАТО

Евроатлантскиот совет бара прием за Македонија во НАТО
Декларација за поддршка на приемот на Македонија во НАТО објави Евроатлантскиот совет на Македонија, обидувајќи се да ги поттикне напорите за земјата да добие покана за членство на претстојниот самит на Алијансата во Велика Британија. Во декларацијата, невладината организација упатува апел до државните органи, како и сите политички партии, чинители и невладини организации, да продолжат со константанта активно да се вклучат во изнаоѓање на најсоодветниот начин за брз прием на Република Македонија во НАТО. Евроатлантскиот совет на Македонија се приклучува во повикот за прием на Република Македонија во НАТО на претстојниот НАТО Самит во Велика Британија со што ќе се безбеди долготрајниот мирво регионот и пошироко. Декларацијата ќе биде доставена до секретаријатот на Светската Атлантска Асоцијација (АТА), сите партнерски организации од Светската Атлантска Асоцијација (АТА) и сите НАТО амбасади во Република Македонија.
Слично

Поврзани вести