Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврејската заедница одбележа 73 години од депортирањето во Треблинка

Еврејската заедница одбележа 73 години од депортирањето во Треблинка
Еврејската заедница во Македонија денеска  одбележува 73 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат,  положија претставници од Собранието на Република Македонија, Владата, дипломатскиот кор, политички партии, граѓани и други. Претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ говореше за мачењата на Евреите од Македонија. „Многумина испуштија душат попат, мајките си ги фрлаа бебињата низ решетките во вагоните, оние помалечките кои можеа да се протнат. Краен уредно заведен број од 7144 Евреи од Македонија депортирани и ликвидирани во Треблинка, од каде не се врати ниту еден“ - рече Романо Николиќ. Евреи од  Скопје, Битола и Штип се убиени во нацистичкиот логор во Треблинка. Станува збор за о540 деца до 3 години, до 16 години 1182, луѓе над 60 години, болни и бремени жени. Во логорот се  ликвидирани 98 % од  еврејското население во Македонија во тој период.
Слично

Поврзани вести