Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврата на мета на фалсификаторите

Еврата на мета на фалсификаторите

Бројот на фалсификувани евробанкноти годинава го достигна својот рекорд во последните три години.

Само Европската централна банка минатата година повлекла 899.000 евра од лажни банкноти.

Измамниците често фалсификуваат банкноти од 20 евра, но особено омилени се банкнотите од 50 евра. Речиси 90% од сите фалсификати се банкноти од 50 евра.

Експертите велат дека дури и холограмот на предната страна на банкнотите веќе не е заштита од фалсификување.

Се очекува новите банкноти, кои Европската централна банка ги става постепено во оптек ќе решат многу проблеми, затоа што се подобро заштитени од фалсификување. Новата банкнота од 20 евра е воведена во ноември минатата година, а банкнота од 50 евра ќе биде пуштена во оптек од 2017 година.

Освен тоа, ризична и е и банкнотата од 500 евра, за која Европската комисија смета и дека на тој начин им се овозможува на криминалците да не се шетаат со големи количини готовина. Така на пример две илјади банкноти од по 500 евра се еднакви на еден милион, но тежат не повеќе од два килограми.

Слично

Поврзани вести