Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБНОВЕНА:ЕВН засега нема да бара поскапа струја

ОБНОВЕНА:ЕВН засега нема да бара поскапа струја
Австријците од ЕВН засега немаат намера да бараат зголемување на цената на струјата иако од годинава тие ќе треба да ги увезуваат недостатоците што ќе се јават на пзарот, обврска што досега ја имаше државната компанија ЕЛЕМ. „Имаме обврска да ги увеземе сите недостатоци на струја од први октомври , но тоа беше земено во предвид во структурата на цената во претходното зголемување , но сепак се зависи од потрошувачката на струјата во текот на зимата “, изјави денеска претседателот на Управниот одбор Вернер Хенкс. Во ЕВН немаат намера да бараат враќање на евтината тарифа на струја во текот на денот, со оглед дека таа сеуште постои во вечерните часови, празниците и неделите, а одлуката за укинување ја донела Регулаторната комисија за енергетика . „Веројатно самата таа одлука за укинување на дневната евтина тарифа  на Регулаторната комисја за енергетика беше донесена врз основа на искуства во другите земји“ , вели Хенкс, додвајќи дека во тој период од денот, односно од 13 до 16 часот,  на целиот енергетски пазар, цената на електричната енергија е многу висока. Според него ако тие стимулираат потрошувачка во тој период од денот, а во исто време треба да се набави електрична енергија по тие многу високи цени во тој период од денот , тоа ќе биде многу скапо. „ Од друга страна пак тарифниот систем кој подразбира евтина и скапа струја се уште постои , особено во неделите цел ден и навечер од 22 до 7 часот наутро“, изјави Хенкс.  
Слично

Поврзани вести